Столтенберг: Пекинг не е непријател, но е безбедносен предизвик

од Stefanija Kuzmanovska
226 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави денеска дека Западниот сојуз мора да одговори на кинескиот економски, политички и воен подем и дека последната изјава од самитот на НАТО ќе ја зацврсти новата стратегија кон Пекинг.

– Кина ни се приближува. Ги гледаме во сајбер просторот, ја гледаме Кина во Африка, но исто така ја гледаме Кина како многу инвестира во нашата клучна инфраструктура, изјави Столтенберг пред новинарите во седиштето на НАТО, пред доаѓањето на лидерите на самитот.

– Знаеме дека Кина не ги споделува нашите вредности. Ние мора да одговориме заедно како сојуз – рече Столтенберг, додавајќи дека Кина „не е непријател или противник“.

Столтенберг рече дека односите меѓу Алијансата и Русија се влошуваат, но дека дијалогот ќе продолжи, пренесе РИА Новости.

Генералниот секретар на НАТО додаде дека главна тема на самитот ќе биде Русија и претстојната средба меѓу претседателите на САД и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин.

Слични содржини