Столтенберг позитивен на корона

од Nikola Popovski
307 прегледи

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг е заразен со коронавирус, соопшти денеска портпаролката на Алијансата.

Како што објави портпаролката на Твитер, генералниот секретар на НАТО е целосно вакциниран и има благи симптоми.

Бидејќи белгиските правила предвидуваат карантин од најмалку седум дена, Столтенберг нема да може да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Берлин овој викенд.

Со состанокот се очекува да претседава заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана.

Според белгиските прописи, Столтенберг ќе работи од дома.

Слични содржини