Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин за употребата на, како што рече, „опасна и безобзирна“ нуклеарна реторика.
Ројтерс пренесува дека Столтенберг рекол дека нуклеарна војна никогаш не смее да се случи и дека говорот на Путин укажува дека војната во Украина не оди според неговиот план, додавајќи дека неговите зборови претставуваат ескалација, но не и изненадување.
Лидерот на НАТО вели дека Путин погрешно ја проценил ситуацијата во Украина и направил грешка.
Тврдејќи дека руските трупи се лошо опремени и немаат соодветна команда и контрола, Столтенберг рече дека присуството на дополнителни трупи неизбежно ќе доведе до ескалација на конфликтот.
Тој вети дека НАТО ќе се погрижи во Москва да нема недоразбирања во однос на сериозноста на употребата на нуклеарно оружје.
Како што додаде, НАТО досега не забележал никакви промени во нуклеарните позиции на Русија.
Пред шест месеци Путин им нареди на руските нуклеарни сили да бидат во состојба на готовност.
Во интервју за Ројтерс, Столтенберг рече дека НАТО и пружил невидена поддршка на Украина и е во близок дијалог со одбранбените индустрии за да се забрза производството на оружје и муниција.
Тој додаде дека се надева оти војната во Украина ќе заврши на преговарачка маса, но нагласи дека тоа мора да биде на начин што е прифатлив за Киев.