Столтенберг: Руската инвазија на Украина фундаментално го промени безбедносното опкружување во Европа

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Разговорите меѓу министрите за надворешни работи на НАТО се во тек.

На почетокот на седницата, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека ќе се разговара и за поддршката за „храбрите Украинци кои ја бранат својата земја“ и за „континуираната поддршка за другите партнери на кои им се заканува руска агресија“.

Тој рече дека руската инвазија, започната пред шест недели, „фундаментално го промени безбедносното опкружување во Европа“ и дека на состанокот ќе се разговара и за „долгорочно прилагодување“.