Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека се уште постои можност Шведска да се приклучи на НАТО за време на самитот на Алијансата оваа недела во Вилнус, и покрај противењето на Турција.
Запрашан да коментира за турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган кој го поврзува членството на Шведска во НАТО со членството на Турција во ЕУ, Столтенберг рече дека иако го поддржува членството на Анкара во ЕУ, што се однесува до него, Шведска веќе ги исполнила условите за пристапување во НАТО алијансата, која брои 31 членка, пренесува „Ројтерс“.
„Се уште е можно да имаме позитивна одлука за Шведска во Вилнус“, изјави Столтенберг на прес-конференција.