193
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги осуди настаните во Соединетите држави.
Победата на Џо Бајден требаше денес да биде официјално потврдена во американскиот Капитол од страна на Конгресот.
Сепак, приврзаниците на Доналд Трамп не го прифатија мирно, па се случи инцидент за време на кој голем број луѓе упаднаа во просториите на Капитол, поради што реагираше Столтенберг.
„Шокантни сцени во Вашингтон. Исходот од демократските избори мора да се почитува“, напиша на Твитер генералниот секретар на НАТО.
Потсетуваме дека една жена беше сериозно повредена, додека членовите на Конгресот беа евакуирани неколку моменти пред демонстрантите да започнат упаѓаат во просториите во Капитол.