232
Финска и Шведска ќе можат брзо да станат членки на НАТО доколку одлучат да аплицираат за влез во воената алијанса, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Доколку решат да се приклучат, Финска и Шведска ќе бидат топло добредојдени и очекувам процесот да оди брзо“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел, додавајќи дека планира да разговара со финскиот претседател Саули Ниинисто подоцна во текот на денот.
Столтенберг е сигурен дека може да се најде решение за преодниот период меѓу аплицирањето на двете скандинавски земји и формалната ратификација во парламентите на сите 30 членки на Алијансата.