Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека сојузниците ги отфрлаат наводите на Русија дека Украина се подготвува да употреби „валкана бомба“ на своја територија.
Тој рече дека токму тоа разговарал со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и неговиот британски колега Бен Валас, пренесе Ројтерс.