Столтенберг: Соработката на Кина со Русија е закана за Азија и Европа

од Stefanija Kuzmanovska
134 прегледи

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Токио изјави дека зајакнувањето на Кина и соработката на таа земја со Русија е закана не само за Азија, туку и за Европа и побара посилна соработка и повеќе „пријатели“ на НАТО во Азија.

Столтенберг рече дека Кина се повеќе инвестира во нуклеарно оружје и ракети со долг дострел без да обезбеди транспарентност или да се вклучи во значаен дијалог за контрола на вооружувањето, додека врши притисок врз соседните земји и Тајван, објави АП.

„Фактот што Русија и Кина се приближуваат и значајните инвестиции на Пекинг во модерно оружје само нагласуваат дека Кина е закана, предизвик за НАТО“, рече Столтенберг во говорот на Универзитетот во Токио, додавајќи дека „безбедноста не е регионална, туку глобална“.

Слични содржини