Столтенберг: Украина продолжува да нанесува „тешки загуби“ на Русија по некои од „најинтензивните борби“

од Radmila Tasevska
211 прегледи

Украина продолжува да нанесува „тешки загуби“ на Русија по некои од „најинтензивните борби“ од почетокот на војната во февруари 2022 година, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Украинците можат да им нанесат големи загуби на руските освојувачи, како во однос на војниците, така и во однос на борбениот капацитет“, рече Столтенберг на прес-конференција во Брисел.

Тој рече дека овие воени загуби биле нанесени во текот на последните недели.

Покрај тоа, Столтенберг на прес-конференција во Брисел ја повика Турција да го ратификува приемот на Шведска во Алијансата „што е можно поскоро“.

„Шведска ги исполни своите ветувања и сега дојде време Турција да го финализира пристапниот процес“, рече Столтенберг.

Слични содржини