106
Останува на Украина да одлучи кои услови се прифатливи за неа за преговори за ставање крај на војната што Русија ја води против таа земја, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и порача дека улогата на НАТО е да го поддржи официјален Киев.
„Останува на Украина да одлучи кои услови се прифатливи за неа, а наше е да ги поддржиме“, рече тој на заедничката прес-конференција со членовите на холандската влада во Хаг, пренесува „Ројтерс“.
Столтенберг предупреди дека Русија не треба да се потценува.