Столтенберг утре свикува самит на НАТО

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за утре свика самит на лидерите на воената алијанса. Столтенберг рече дека Русија започнала војна против Украина и го нарушила мирот на европскиот континент.

Тој изјави дека „тоа е намерна, ладнокрвна и долго планирана инвазија“ и ја обвини Русија дека „користи сила за да се обиде да ја преобликува историјата“.

Претходно, на вонредна средба на амбасадорите на НАТО, беше договорено поради руската воена инвазија на Украина, НАТО да ги зајакне копнените, воздушните и поморските сили на источното крило кај Украина и Русија.

Во соопштението се вели дека НАТО „ја зголемил подготвеноста на своите сили да одговорат на сите непредвидени ситуации“.

„Одлучивме, во согласност со нашиот одбранбен план да ги заштитиме сите сојузници, да преземеме дополнителни чекори за дополнително зајакнување на одвраќањето и одбраната низ Алијансата. Нашите мерки се и остануваат превентивни, пропорционални и неескалирачки“, се вели во соопштението по средбата.

Слични содржини