182
Западен Балкан е исклучително важен за НАТО, изјави денеска во Брисел генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, одговарајќи на прашањето на „Танјуг“ за тоа како ја гледа ситуацијата на Западен Балкан во однос на војната во Украина.
Столтенберг доаѓајќи на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО рече дека тесно соработува со ЕУ во процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина.