Западните земји мора да се подготват за долготрајна војна за уништување во Украина, предупреди денеска во Вашингтон генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Ова го изјави Столтенберг по средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден.
„Мораме да бидеме подготвени на долг рок. Она што го гледаме е дека оваа војна сега стана војна на исцрпување“, изјави Столтенберг за новинарите.