90
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес ја повика Турција да ги ратификува барањата на Финска и Шведска за членство во НАТО и оцени дека тие две земји направиле доволно за да ги исполнат барањата на Анкара за борба против екстремизмот.
Во Анкара, на прес-конференција со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, Столтенберг го осуди палењето на Куранот на протестот во Шведска, но нагласи дека тоа не е нелегално во Европа, пренесува АП.