Во рамките на проектот „За чиста и здрава вода, стоп за загадувањето на водата “ и Светскиот ден на водата, 22.03.2021 година здружението Македонско – хрватското друштво и еколошко – нуркачкиот клуб „Пена“ го чистеа езерото и кањонот Матка. И покрај лошите временски услови и непрегледноста во водата, предвидените еколошки активности се реализираа успешно, со околу 20 нуркачи од повеќе градови кои го чистеа езерото од пластичен и останат отпад.
Основна цел на проектот е Подигање на свеста за екологијата и чување на природните богатства во Македонија како извор на здрава животна средина, додека специфични цели на проектот е подводно чистење на природните и вештачките езера од пластични предмети гуми, делови од моторни возила, разни метални предмети, а особено чистење од заостанати рибарски мрежи во кои се фаќаат рибите и угинуваат. При тоа во процесот на распаѓање предизвикуваат појава на дислокација на цели врсти на риби и други подводни животни. Втора специфична цел е вклучување на месното население, а особено младата популација, која треба да ги усвои позитивните навики во секојдневното живеење во урбана средина.
Проектот започна на 21.03.2021 со активност во Тетово каде се реализираше еколошката акцијата за чистење на реката Пена и месноста Бањиче. Во рамките на проектот предвидени се уште 3 еколошки акции со чистење на езерата Младост во Велес, езерото Дојран и Мавровското езеро.
Подигање на свеста на зачувување на природата посебно на водата ќе има зголемено влијание во иднина бидејќи ќе допринесе да се намалување на загадувањето на природата и езерата и здрава животна средина
Проектот „За чиста и здрава вода, стоп за загадувањето на водата “ е финансиски поддржан од програмата на Цивика мобилитас е програма за поддршка на граѓанското општество, а го имплементира Здружението на граѓани Македонско Хрватско Друштво (МХД).