343
Вицепремиерот во Владата, задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, како и неговиот истоименик, а воедно и министер за финансии во Владата, Фатмир Бесими, денес ќе остварат своја работна средба заедно со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.
Од Стопанската комора на Македонија посочија дека работна средба ќе се реализира во врска со покренати иницијативи кои преку Комората биле предложени од бизнис заедницата, а се прифатливи за Министерството за финансии.