Посебно тело за заедничко привлекување на инвестиции за земјите од Западен Балкан и заеднички настап во Берлин, Дубаи и Шангај договориле стопанските комори од регионот на седницата на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) што се одржа во Белград.
Ова значајно тело ќе го предводи Данило Цицмил, клучен човек во Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ, магистрант на Хартфорт (САД), во чиј мандат од 2017 година до денес, Србија има раст на странски директни инвестиции од 1,3 милијарди евра во 2014 година на 3,8 милијарди евра во 2019 година и има донесено над 200 фабрики од повеќе различни индустрии.
– Развојот на заедничкиот регионален пазар, како единствена инвестициска дестинација логично ја промовира одлуката за заеднички настап на Берлинскиот самит на 30 јуни 2021 година, Дубаи ЕКСПО на 1.10.2021 година и Кинескиот интернационален саем на 5.11.2021 година, информираат денеска од Стопанската комора на Северна Македонија.