Стотици демонстранти во Париз маршираа против полициското насилство и покрај забраната

од Radmila Tasevska
341 прегледи

Стотици демонстранти маршираа денеска во Париз против полициското насилство, и покрај забраната за собири, една недела по немирите предизвикани по убиството на тинејџер во париско предградие.

Полицијата ги растера демонстрантите од плоштадот на Републиката кон булеварот Магента.

Полициската управа на Париз во одлуката објавена на нејзината веб-страница наведе дека ги забранила планираните демонстрации.

Слични содржини