Стотици илјади жртви на малвер кампања на Фејсбук

од Vladimir Zorba
89 прегледи
Нова малвер кампања им се заканува на корисниците на најголемата социјална мрежа Фејсбук, пренесуваат од блогот на БитДефендер. За неа сподели Брајан Донахју од блогот на компанијата, споделувајќи дека жртви на кампањата станаа веќе над 100.000 луѓе, и тоа само за период од два дена.
120517085737-facebook-new-story-top
Самиот малвер се шири преку линкови кои водат кон порнографска содржина. Линковите доаѓаат најчесто од профилите на жртвите на кампањата, што е последователен потсетник за тоа дека е добро да се разгледа не само дали да следите објавени линкови од непознати, но и од ваши познаници на социјалната мрежа.
Кога корисникот ќе се судри со слична порака и ја отвора, му излегува видео со содржина за возрасни, кое тргнува, но набргу потоа прекинува, а на екранот се испишува порака дека ако корисникот сака да продолжи со гледање, тој мора да си инсталира Флеш плеер кој се разбира не доаѓа од Адоуб, туку содржи малициозен код.
Независниот инвеститорот за информациска безбедност Реза Фагани пријави дека откако се инсталира на системот, малверот има функционалности на „килогер“ и може да го контролира движењето на глувчето.
Самиот малуер најчесто симнува на компјутерите датотеки со име „chromium.exe“, „wget.exe“ или „verclsid.exe“. Малвер кампањата сеуште е активна.