Стотина агенти на ЦИА и членови на семејството со хавански синдром

од Stefanija Kuzmanovska
529 прегледи

Околу сто службеници на ЦИА и членови на нивните семејства се меѓу околу двестотината американски службеници кои страдаат од мистериозниот „хавански синдром“.

Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, кој беше назначен за шеф на ЦИА од страна на американскиот претседател Џо Бајден како прв дипломат во кариерата, во интервју за Националното јавно радио изјави дека ги засилил напорите на неговата агенција за утврдување на причината за синдромот кој се манифестира со мигрена и вртоглавица.

Тој потврди дека, меѓу другото, упатил висок службеник на ЦИА, кој еднаш го водел ловот на Осама бин Ладен, да ја предводи работната група која го истражува синдромот и тој го зголемил тројно медицинскиот тим кој учествувал во истрагата.

„Мислам дека е длабока посветеност на кој било водач да се грижи за луѓето и јас сум решен да го сторам тоа“, изјави Барнс за НПР во своето прво интервју откако стана директор на ЦИА.

Хаванскиот синдром, со симптоми како вртоглавица, гадење, мигрена и проблеми со меморијата, е именуван така затоа што првпат бил забележан од американски дипломати во амбасадата во Куба во 2016 година.

Барнс потсети дека Американската национална академија на науките потврди дека е веројатна теоријата дека синдромот е предизвикан од зраци на „насочена енергија“.

Постои „многу силна можност“ дека синдромот е намерно предизвикан и дека Русија може да биде одговорна, рече Барнс, воздржувајќи се од конечни заклучоци до крајот на истрагата.

Слични содржини