Неколку стотици дози вакцини на „Фајзер“ против коронавирус најверојатно се расипале затоа што престанал да работи ладилникот во една клиника во Велика Британија, пренесуваат светските медиуми.
Инцидентот, наводно, се случил во објектот Харобор Филд во Рашден каде биле зачувани 975 дози вакцини Фајзер кои мора да се чуваат на -70 степени Целзиусови.
Клиниката врши хируршки процедури во областа Нортемптоншир, а исто така требаше да се користи за место каде што ќе бидат вакцинирани избрани лица постари од 80 години. Некои пациенти ја примиле вакцината во средата, но други не можеле да го направат следниот ден затоа што им било кажано дека нема вакцина, пренесува Дејли мејл.
Засега е непознато колку вакцини се изгубен.
За потсетување, поранешниот државен секретар за здравство Џереми Хант предупреди дека постојните дози може да исчезнат во јануари, а следната пратка нема да пристигне пред март и дека тоа во голема мера може да го запре планот за вакцинација.
Според островските медиуми, повеќе од 140.000 Британци ја примиле вакцината на „Фајзер“.