Едно од најгорливите прашања за меѓународите претставници е како сега ќе работи Специјалното јавно обвинителство? Прво, аболиција не е повлечена, а сега пак дополнително е создаден проблем оти СДСМ веќе не е во владата, анализира порталот Сакам Да Кажам.
Meѓународната заедница е разочарана оти пак се враќа процесот од пред договорот во Пржино, како лани во април. Со враќањето на Митко Чавков и Диме Спасов за министри за внатрешни работи и за труд и социјала сега се отвора нов проблем.
„Меѓународната заедница цело време инсистира да се исполни договорот од Пржино и сега бараме начин како да го спасиме“, вели неофицијално висок европски дипломатски извор, кој сака да остане анонимен во оваа фаза на дипломатско барање решение за македонската политичка криза и додава: „Имаме решение во џебот, но не сакаме да го извадиме, не сакаме луѓето да страдаат. Ќе пробаме сѐ да ја вратиме земјата на евроатлантскиот пат“.
Не е исклучено денеска повторно претставници на меѓународната заедница која е гарантор на договорот од Пржино да се јават со нови остри изјави.
„Таман помисливме дека работите ќе почнат да се движат напред, се случи аболицијата од 12 април. Македонија продолжи да си го губи времето оти потегот на Иванов целосно ги дефокусираше нашите ангажмани за спроведување на договореното од Пржино“, вели нашиот извор и додава: „Не е доволно само да се дава јавна поддршка на Катица Јанева. Треба да се отповика аболицијата за да може и народот во Македонија, но и ние од странство што ја поддржуваме Македонија да видиме ефект од истрагите на Специјалното обвинителство“.
Едно од најгорливите прашања за нив е како сега ќе работи Специјалното јавно обвинителство (СЈО)? Прво, аболиција не е повлечена, а сега пак дополнително е создаден проблем оти СДСМ сега не е во влада, а и тоа е значаен дел договорот од Пржино.
И САД и ЕУ вчера ги повикаа партиите да дадат целосна поддршка на работата на Специјалното обвинителство и побараа итно повлекување на одлуката за аболиција на претседателот Иванов од 12 април. Тој потпиша помилување за 56 политичари и нивни соработници кои се можни осомничени или за нив се води предистражна постапка за кривични дела за кои е надлежно токму обвинителството на Јанева. По смртта на Коста Крпач излезе дека претседателот за секој случај помилувал и сведоци во постапки кои би биле од интерес на СЈО.
Целиот текст можете да го прочитате тука
