Доколку, за некое чудо, се уште не сте ја гледале третата сезона на хит-серијата „Stranger things“, внимавајте, следуваат спојлери.
По трогателното збогување од шерифот Хупер во финалето на третата сезона, доколку ја гледавте post-credits сцената, знаете дека во далечниот руски затвор се крие Американец чие име не го слушнавме…
Се разбира, тоа е Хоп.
Во првото видео кое Нетфликс го објави, ја гледаме далечната, завеана Камчатка и затвореници кои градат пруга.. Меѓу нив е и Хопер, а еве како Нетфликс ја најавува четвртата сезона.
„Снимањето е во тек и многу сме возбудени што можеме да потврдиме дека Хоп се враќа. Сепак, за нашиот Американец, не се сите вести добри.. Во снежната пустелија мора да се соочи со човечки и нечовечки опасности. А во Хокинс, новиот ужас се појавува, долго закопан и заборавен, кој ќе поврзе се што шредходно гледавме. Четвртата сезона е најголема и најстрашна досега и едвај чекаме да ја видите“, соопштија од Нетфликс.