Странски државјанки ги забавувале гостите: Угостителски објект работел по дозволеното време

од Берта Китинска
312 прегледи

„ На 01.03.2021 во 21.10 часот, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект во с.Желино, тетовско, сопственост на З.С.(48) од с.Желино. Притоа, било констатирано дека објектот работи по дозволеното време и внатре биле затекнати повеќе лица – гости и странски државјанки кои ги забавувале гостите.

Објектот бил затворен, а З.С. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во полициска станица биле приведени и шест албански државјанки по член 418 од Кривичниот законик и поради злоупотреба на туристичкиот престој. По целосно документирање на случајот и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“ соопшти МВР.