Граѓаните на Велика Британија, Шон Пинер и Ајден Аслин, како и граѓанинот на Мароко, Садун Брахим, кој се бореше на страната на Украина, се осудени на смрт од Врховниот суд на Народна Република Доњецк, пренесува „Спутник“.
Претходно беше соопштено дека обвинетите се изјасниле за виновни за прекршување на член 232 од Кривичниот законик на ДНР „Поминување обука за терористички активности“, но и дека не се виновни за обвинувањата дека учествувале во вооружената агресија на Украина за насилно преземање на власта во ДНР, за која е предвидена затворска казна до 20 години или смртна казна во отежнувачки околности.
Инаку, Британците Шон Пинер и Ејден Аслин и Мароканецот Садун Брахум се предадоа во Мариупол во средината на април. Руското Министерство за одбрана соопшти дека „платениците кои пристигнале во Украина не се борци и дека во најдобар случај ќе се соочат со долга затворска казна“.