Странските операции за влијание тема на пандел дискусијата „Пандемијата на Ковид-19 – „Совршена бура“

На панел дискусијата насловена како „Пандемијата на Ковид-19 – „Совршена бура“ за странски операции за влијание“, во организација на Граѓанската асоцијација Естима, тема на разговор беше ширењето на дезинформации со геополитички мотиви врзани со Ковид 19 од аспект на странски државни чинители во македонскиот информативен простор, развивањето на соодветни политики за намалување на нивното влијание и јакнење на отпорноста кај новинарите, медиумите, граѓанските организации и останатите релевантни чинители.

Ендру Мофат, политички и економски советник во Амбасадата на САД во Скопје, Зоран Попов, државен секретар во Министерството за надворешни работи, Пламен Тончев, раководител на одделот за Азија во Институтот за меѓународни економски односи од Атина и Бардил Јашари, извршен директор на фондацијата Метаморфозис од Скопје и експерт за медиуми и комуникации, беа само дел од оние кои заземаа свој збор на дискусијата.

Панел дискусијата се фокусираше на глобалните и европските трендови во однос на странските операции за влијание, нивното прелевање во С. Македонија, потенцијалната цена која ја плаќаме, како и мерките за подигнување на нивото на медиумска писменост како клучна алка во ланецот за јакнење на отпорноста кон штетни странски влијанија.

Во рамки на воведниот дел, беше промовирано и истражувањето насловено како „Странски операции за влијание: Анализа на Ковид-19 во Северна Македонија“ што пак, претставува пионерски обид да се анализираат странските наративи во традиционалните и социјалните медиуми, во текот на пандемијата во С. Македонија.

Слични содржини