Странските туристи ќе плаќаат за ковид-тестовите во Франција

од Nikola Popovski
253 прегледи

Странските туристи кои ја посетуваат Франција ќе треба да платат за тестот за Ковид-19 од 7 јули, изјави владиниот портпарол Габриел Атал.

„Одлучивме странските туристи да плаќаат за тестовите, 49 евра за ПЦР-тест и 29 евра за антигенски тест. Станува збор за реципроцитет, бидејќи Французите кои патуваат во странство, исто така, треба да плаќаат за тие тестови во повеќето земји“, рекол Атал во интервју за весникот „Еко“.

Претходно, водечкиот научен советник на француската влада, Жан-Франсоа Делфреси, рече дека Франција најверојатно ќе го има четвртиот бран на корона поради појавата на сојот делта, објави Ројтерс.

Слични содржини