СТРАШЕН инцидент на „Тур де Франс“: Десетици велосипедисти повредени по глупав потег на навивач (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
253 прегледи

Страшен инцидент и пад на десетици велосипедисти ја одбележаа првата етапа на познатата велосипедска трка „Тур де Франс“.

Инцидентот се случил кога еден навивач, стоејќи настрана, држел транспарент што го „закачи“ Тони Мартин.

Со оглед на тоа што возеа во голема група, сите што беа во „тесно грло“ обидувајќи се да го заобиколат Мартин, едноставно немаа шанса.

Следеше тотална катастрофа кога бројни натпреварувачи завршија на бетонот или беа запрени затоа што не можеа да поминат.

Сè се случи на околу 45 километри од целта, а најсилно беше погоден тимот на Џамбо-Визма.

Меѓу оние кои беа во толпата беа Примож Роглиќ, Вут Ван Аерт, Ричи Порт, Енрик Мас, а се проценува дека паднале вкупно шеесет велосипедисти.

Наскоро, лекарите и медицинските екипи излегоа на местото на инцидентот, додека оние што поминаа напред одеа со нешто побавно темпо.

Победата на крајот од првата етапа помеѓу Брест и Ландерно ја однесе францускиот велосипедист Џулијан Алафилип.