СТРАШНА НЕСРЕЌА: Авионот се сруши и удри во автомобил во движење (ВИДЕО)

од Берта Китинска
224 прегледи

Во понеделникот попладне околу 15 часот по локално време, мал спортски авион удри во автомобил во кој биле мајка и син во градот Пемброк Пиинс на Флорида.

Единствено што е познато засега е дека две лица кои биле во авионот биле убиени, додека жената која била во возилото е сериозно повредена. Информациите за детето се контрадикторни. Некои медиуми тврдат дека детето починало, додека други наведуваат дека детето е во болница со тешки повреди.

Засега е познато дека спортскиот авион полета од аеродромот Северен Пери во градот Пемброк Пиинс. Авионот паднал од засега непознати причини и непосредно пред ударот на асфалтот ги пресекол жиците на далекуводот, а потоа удрил во задниот дел од возилото, по што следувала експлозија.

Слични содржини