СТРАШНА НЕСРЕЌА: Автобус се заби во куќа, најмалку 19 загинати во Мексико

од Берта Китинска
263 прегледи

Најмалку 19 лица загинаа, а 32 се повредени кога патнички автобус удри во куќа во град Сан Хозе Ел Гард во Мексико, соопштија официјалните лица.

Туристички автобус кој превезувал патници до христијанско светилиште удрил во куќа откако откажале сопирачките, се вели во соопштението на Министерството за здравство на државата Мексико.

Најмалку 19 лица загинаа, а 32 се повредени. Шест лица, меѓу кои и две малолетни, се пренесени во болница во Толука, додека останатите се пренесени во неколку болници во регионот, соопштија властите.

 

Слични содржини