Страшна несреќа го шокираше светот: Десет бебиња го загубија животот во пожар

од Берта Китинска
169 прегледи

Десет новороденчиња загинаа во голем пожар во болница во Махараштра, најбогатата држава во Индија, соопштија од  болницата, а водечките политичари изразија жалење за загубата на нивните животи.

– Пожарот избувна денес во 2.00 часот – изјави хирургот Прамод Кандате од Општата болница Округ Бандара во оваа западно индиска држава.

Седум од 17 деца во одделот за новороденчиња се спасени, изјави Кандате за новинската агенција АНИ, а премиерот на Махараштра Удав Такре нареди истрага за причините за пожарот.

– Трагедијата во Бандара, во Махараштра, го крши срцето. Загубивме драгоцени млади животи – напиша премиерот Нарендра Моди на Твитер.

Слични содржини