201
Најмалку четворица руски војници загинаа, а околу 20 се повредени во сообраќајна несреќа во близина на Москва.
Според соопштението на Министерството за одбрана, несреќата се случила кога возач на камионот изгубил контрола над своето возило и удрил во колона воени автобуси на автопатот во близина на Москва. Две лица починаа на самото место, а уште две на пат кон болницата.
Официјални лица соопштија дека 20 војници се повредени и пренесени во болница во Красногорск, во близина на руската престолнина.
Во несреќата се оштетени пет автобуси, а службите за итни случаи се на лице место.
Руските медиуми јавуваат дека колоната автобуси запрела затоа што првото возило во колоната се расипало и камион се забил во нив.
Фото: Спутник