Страшна прогноза: Мега земјотрес ќе се случи во Огнениот прстен меѓу Јапонија и Еквадор

од Vladimir Zorba
83 прегледи

 

20160418.zxmcxanfvf

Најмалку 4 земјотреси со јачина од над 8 степени по Рихтер, предвидува сеизмологот Роџер Билхам.
Серијата од моќни земјотреси кои се случија во Азија и Јужна Америка во текот на изминатата недела, може да бидат претходница на “мега земјотерсот”, кој би можел да се случи во блиска иднина. Ова го тврди сеизмологот од Универзитетот во Колорадо Роџер Билхам за “Дејли Експрес”.
Во двата многу силни земјотреси во Јапонија во четвртокот и петокот загинаа 41 лице и беа предизвикани огромни материјални штети. Секундарните потреси продолжуваат и во моментов, а тие се над 400-тини, кои се со сила меѓу 4 и 6 степени по Рихтер.
Вчера во Тонга беше регистриран силен земјотрес со околу 6 степени по Рихтер.
Малата островска држава Вануату, која често страда од природни стихии, беше погодена од земјотрес со јачина со 6,3 степени по Рихтер. Само пред 10-тина дена таа беше погодена со уште посилен – 7,2 степени по Рихтер. Тогаш беше издадено предупредување за опасност од цунами.
Неколку часа подоцна, во Молукско Море, кое се наоѓа помеѓу островите на Индонезија, имаше земјотрес со јачина од 5,7 степени. Тој беше почувствуван и во градовите Манадо и Тобело кои се наоѓаат најблиску.
На другиот крај на т.н. Огнен прстен – силна сеизмичка зона во Тихиот Океан, Еквадор се бори со последиците од катастрофа со сила 7,8 степени по Рихтер. Бројот на жртвите е надминат над 270 лица.
“Оваа ситуација може да навести барем уште четири земјотреси со јачина над 8 степени по Рихтер”, смета Билхам. “А ако тие бидат со одложени тензии искуството стекнато низ вековите предвидува и катастрофален мега земјотрес”, објаснува Билхам.
Сите земјотреси од последните денови се во т.н. Огнен прстен. Тоа се пукнатини во земјата, кои се во форма на буквата U  и покриваат дел од Пацификот, каде тектонските плочи се лизгаат, а сеизмичката и вулканска активност се вообичаени работи. Научниците знаат дека ова место како зона може да има земјотрес и со сила од 10 степени по Рихтер.
Научниците не можат целосно да ја исклучат можноста од мега земјотрес, бидејќи сеизмичката активност се мери само 100 години.