Страшна сообраќајна несреќа на Тајгер Вудс: Го сечеле автомобилот за да го извадат (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Тајгер Вудс, еден од најдобрите голфери на сите времиња, е повреден во тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес.

Оваа информација ја пренесоа американските медиуми, во кои се наведува дека Вудс бил единствената личност во возилото, а пожарникарите го извлекле така што морале да го исечат автомобилот, по што итно бил пренесен во болница.

Засега не е позната причината за несреќата, односно што довело до судир и превртување на неговото возило.

Американските медиуми не ја наведуваат состојбата на Вудс во овој момент.

Неколку скандали се поврзани со името на овој голфер. Познато е дека тој бил запрен од полицијата во 2017 година, а бил под силно влијание на силни лекови. Бил приведен, а потоа се бранел дека не разбира како тие лекови влијаеле врз него.

Слични содржини