Ѕвездата на „Million Dollar Beach House“ на Нетфликс, Сара Бурак, загина во сообраќајна несреќа во четвртокoт попладне.
Возачот избегал од местото на настанот, а полицијата ја пронашла жената во несвест на патот во Хемптон Бејс кратко пред 15 часот. Возачот кој ја удрил и ја убил е сè уште во бегство, соопшти полицијата.
Истражителите од Одделот за реконструкција на сообраќајни несреќи на полицијата на државата Њујорк и детективите од полициската управа на општина Саутемптон го истражувале местото на несреќата, објавува „Денс пејперс“.
Според овој медиум, полицијата сè уште не разговарала со сведоците, ниту пак има информации за тоа каков автомобил ја удрил Сара Бурак и ја оставил да умре на улица.
Бурак работела како агент за недвижности во агенцијата „Нест Сикерс Интернешнл“, која се занимава со луксузни недвижности во Менхетен и Хемптонс, пишува „Њуздеј“.
Таа ја напуштила агенцијата пред повеќе од една година, но останала во контакт со фирмата, изјави за „Њуздеј“ Џеф Гифкинс, регионален менаџер на „Нест Сикерс“ за Хемптонс.
Гифкинс во пораката наведува:
„Нашите мисли и молитви се со нејзиното семејство и пријателите. Ве молиме бидете љубезни бидејќи ова е огромна загуба за нејзините родители и блиски пријатели.“
Блиска пријателка на семејството и агентка за недвижности, Полет Корсар, изјави за „Њуздеј“ дека нејзината пријателка ќе биде запаметена по нејзината великодушност и хуманитарна работа во Њујорк.