Се стравува дека околу 150 лица загинаа во Индија кога дел од глечерот од Хималаите се распадна и погоди брана, предизвикувајќи поплави.
Локалното население од северот на оваа земја мораше да биде евакуирано.
„Точниот број на мртви сè уште не е потврден, но се стравува дека има меѓу 100 и 150 мртви“, изјави локалната полиција за Ројтерс.
Очевидец рече дека видел ѕид од прашина, камења и вода, кога лавина влетала во реката низ долината.
This doesn’t look good. Prayers for people around Joshimath, Uttarakhand. A big flood in Dhauli Ganga near Reni village, 26 KM from Joshimath. Many homes destroyed after cloudburst and breaching of reservoir. ITBP rushed in for rescue
Video: @ITBP_official pic.twitter.com/E5j1PTDZo7— Abhishek Bhalla (@AbhishekBhalla7) February 7, 2021
“Сè се случи многу брзо, немаше време некој да биде информиран. И мислев дека масата ќе ме одведе”, изјави за Ројтерс Санџај Синг Рана, кој живее во селото Рајни. Се стравуваат дека меѓу починатите има луѓе кои работеле на изградба на блиската хидроцентрала, како и луѓе од блиското село кои воделе добиток кон реката.
तपोवन में रेस्क्यू कार्य जारी।
पुलिस प्रसाशन मोके पर। pic.twitter.com/OuQT3wEVz5
— chamoli police (@chamolipolice) February 7, 2021