Страшни сцени од Газа: „Нашите деца умираат” (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Деценискиот конфликт меѓу Израелците и Палестинците ескалираше повторно оваа недела со протести во Ерусалим, а потоа и со гранатирање на Хамас врз Тел Авив. Додека Евреите и Арапите војуваат околу земјата во која ќе живеат, најголемиот данок како и во сите други војни, го плаќаат невини цивили и деца.

Страшните сцени на уништување, гранатирање и уривање беа заменети со уште поболни сцени на мртви и ранети деца. Во судирите од понеделникот загинаа околу 70 лица, вклучително и деца кои главно не знаат што се случува.

” Нашите деца умираат”, изјави Абдел Хамид за Хамад Ројтерс откако неговиот 11-годишен внук беше убиен во, како што тврди, израелски воздушен напад.

 

 

Слични содржини