Најмалку 21 лице загина во јужен Бразил по жестоко невреме кое предизвика поплави во неколку градови, соопштија властите.
Гувернерот на Рио Гранде до Сул, Едуардо Леите, изјави дека околу 60 градови биле погодени од невремето, кое е класифицирано како екстратропски циклон.
Леите навел дека 15 од смртните случаи се случиле во една куќа во Муцум, град со околу 50.000 жители, објави Асошиејтед прес.