Страшно злосторство го потресе малото словенечко гратче Бертоки кај Копер кога внука (31) со остар нож ја избодела до смрт својата баба (85), а потоа избегала.
Сепак, полицијата брзо му влегла во трага на убиецот, откако телото на несреќната старица случајно било откриено од соседот и била повикана Брза помош.
– Веднаш започнавме интензивно собирање информации за злосторството и ќе продолжиме со тоа, бидејќи сè уште не го знаеме мотивот за ова брутално убиство – рекол Дејан Грандиќ од Одделот за криминалистичка полиција Копер на прес-конференцијата.
Тој открил дека внуката сè уште не е испрашувана, но дека таа е во притвор и дека убиството е извршено со остар предмет пронајден во една од контејнерите за смет околу куќата.
– Поради текот на истрагата, сè уште не е можно да се обезбедат информации во врска со приведената – објаснил Грандиќ.