Stratfor: САД продолжуваат да не ја разбираат Русија

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Американските медиуми ја нарекуваат Русија “агресор”, сепак анализата на зглобовите на меѓународната сцена покажува дека РФ често реагира на активностите на САД и НАТО, смета вишиот аналитичар за проблемите на Евроазија Лорен Гудрич и искусниот  Џеј Огилви од компанијата Stratfor.

русијаќ

Аналитичките материјали, подготвени од центарот Stratfor, овозможуваат да се процени до кој степен Западот удрил прв и ја поставил Русија во услови кога  моралз да одговара на дејствијата на САД и нивните сојузници. Русија почна да го зголемува воениот потенцијал, откако тоа го направи Алијансата. Освен тоа, како што  сметаат американските аналитичари, РФ  го “напика” Крим и “влезе на исток во Украина” дури откако САД придонесоа за револуцијата во Украина минатата година. Притоа САД како и пред не разбираат што на Русија и се случува во оваа земја и приоѓаат на РФ од позициите на студената војна. “И така е не само во политиката.

На пример, кога на Холивуд и  е потребен вистински негативец, пред сè тоа е Русинот.Тоа е тажно, бидејќи уште одамна де Торквил (француски министер за надворешни работи), п ри предвидување на иднината забележа дека САД и Русија се две светски суперсили. Ако ние не се разбираме, ако не се разбираме едни со други, тоа е лошо за сите “- смета Џеј Огилви.

Неверојатно е дека Американците и досега не сфаќаат дека рускиот претседател Владимир Путин се стекна со огромна поддршка од Русите. Независно од економските тешкотии во земјата и заканата од “нова студена војна” со Западот, популарноста на Путин сега е максимална, а неговиот рејтинг се зголеми од 85% до 89%, што е поразително за лидерот на секоја држава. Таква поддршка произлегува од тоа дека претседателот на РФ 15 година реализира континуиран “социјален контакт” со населението, наведуваат аналитичарите. “Тој  му рече на народот дека ќе ја поддржува економијата во релативно стабилна состојба, дека ќе ја извлече Русија од рацете на странците и олигарсите и дека луѓето ќе добиваат стабилна платам  дека продавниците за производи ќе работат и на полиците ќе има производи. Сите овие мали социјални контакти Путин ги исполни и додека успее да го прави тоа, неговата популарност ќе останува на претходното ниво “- смета Лорен Гудрич. Во САД и во Европа се создадоа неверниците  со впечаток за тоа како санкциите дејствуваат на Русите. Во западните медиуми се појавуваат публикации, кои раскажуваат како руските граѓани се загрижени од тоа дека нема каде да си ја испорачуваат увезената стока. “Тие сепак ќе купат и  руски аналози кои не се така добри, но тие тоа  ќе го доживеат поинаку” – се вели во публикацијата. Покрај тоа, многу Руси го поддржуваат ембаргото за увоз на странски производи за храна, уверени се  експертите.

Оригиналната публикација може да се прочита на линкот https://www.stratfor.com/video/conversation-us-media%E2%80% 99s-misleading-portrayal-russia