219
На Хаити се случи сообраќајна несреќа, во која загина најмалку 21 лице, а над 30 беа повредени, објавија локалните власти.
Директен судир на минибуси и автобуси се случи во средата, во источниот град Аркахаи, северозападно од главниот град, пренесува АП.
Властите соопштија дека очевидци раскажале дека минибусот, кој доаѓал од правец на Порт-о-Пренс и одел кон Сент Марк, се обидел да заобиколи автомобил, кога директно удрил во автобусот.