Стравични снимки: Криумчари фрлија две девојчиња преку Америчко-Мексичкиот ѕид, двете завршија во болница

Три и петгодишни девојчиња биле пронајдени во близина на ѕидот на американско-мексиканската граница и пренесени во болница.

Американските власти објавија видео на кое се гледа како шверцери на луѓе на американско-мексиканската граница фрлаат две деца над ѕидот висок 4,2 метри.

Службениците за гранична патрола ги однеле сестрите од Еквадор во болница и сега за нив се грижат американските власти, пишува Би-Би-Си.

Шефот на граничната служба Ел Пасо, Глорија И. Чавез рече дека е „згрозена од начинот на кој шверцерите синоќа фрлаа невини деца од ѕидот висок четири метри“.

– Под прекривка на ноќта, шверцерите префрлија две деца, девојчиња на возраст од 3 и 5 години, преку ѕидот. Останаа милји подалеку од најблиското населено место – напиша Чавез на социјалните мрежи.

Американските власти сега работат со полицијата во Мексико за да ги идентификуваат оние што се гледаат како фрлаат деца над ѕидот.

Слични содржини