216
Снежно невреме пропратено со олујни ветрови ја зафати Хрватска за време на викендот, а најлоша е состојбата во крајбрежните области.
Порталот „Индекс“ јавува дека автопатите А1 и А6 се целосно покриени со снег кој постојано паѓа, а надлежните апелираат граѓаните да не излегуваат на пат доколку апсолутно не мораат.
На територијата на цела Далмација е вклучен црвен метео аларм, пренесе „Независне“.
На снимка објавена на страница на Фејсбук се гледа како бурата носи се пред себе, додека еден човек се бори да не биде однесен од силните налети на ветерот.
На камионите со приколки им е забрането да се движат во внатрешноста кон Далмација, Риека или Истра и обратно.