Стравично злосторство во Франција: Ја застрелал и жива ја запалил сопругата среде улица

од Stefanija Kuzmanovska

Француската полиција уапси маж (44) под сомнение дека прво ја застрелал сопругата (31), мајка на три деца, а потоа ја запалил жива среде улица.

Стравичното злосторство се случило во вторникот околу 18 часот во градот Мерињак. Според обвинителството, осомничениот ја бркал сопругата по улицата, а потоа испукал неколку куршуми кон нејзините нозе. Кога жената паднала, тој ѝ пришол и ја полил со запалива течност, а потоа ја запалил жива на сред улица.

Потоа се дал во бегство. Полицијата го пронашла половина час подоцна во соседниот град. Според извештаите, тој носел пушка, воздушен пиштол и муниција.

Според полицијата, осомничениот им бил познат уште од претходно, а тие исто така наведуваат дека тој бил осуден на 18 месеци затвор во јуни 2000 година, но не е наведено за кое кривично дело.

Слични содржини