Обединетото Кралство нема да го открие планот за испорака на вакцини од безбедносни причини, изјави денеска државниот секретар Луси Фрејзер, иако шкотската влада објави дека ќе го стори тоа.
„Владата не крие ништо и како што јас разбрав, сето тоа е од безбедносни причини“, изјави Луси Фрејзер за Би-Би-Си.
Објавувањето на ваквите податоци може да ги интензивира несогласувањата меѓу Европската унија и фармацевтската компанија „АстраЗенека“ околу доцнењето во испораката на вакцините.