34
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.К.(43) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница.
– На 08.01.2025 во заедничкиот двор од куќа во Струга, по претходна расправија со негов роднина С.К.(33), со остар предмет му упатил закани, а потоа оштетил предмети од неговата куќа, велат од МВР.