253
На 14.04.2022 година во ОВР Струга било пријавено дека во Здравствениот дом во Вевчани бил донесен починат А.М.(62) од струшкото село Октиси.
Лекар констатирал смрт, а од преземените мерки било констатирано дека тој бил прегазен од трактор, кој почнал неконтролирано да се движи додека А.М. изведувал градежни работи во дворот.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и полициски екипи и по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.