Студените раце може да бидат знак за сериозна здравствена состојба

од Radmila Tasevska
528 прегледи

Студените раце не се само знак за настинка во текот на зимата, туку можат да бидат и симптоми на сериозна болест.

Имено, лекарите наведуваат дека чувството на студ и замор може да значи дека на вашето тело му недостасува железо, што на крајот може да доведе до анемија.

Главните причини за ниското ниво на железо се главно недоволното консумирање на храна богата со железо и проблемите со апсорпцијата на железото и загубата на крв, пишува Klix.ba, цитира Стандард лајф.

„Студените раце и нозе може да бидат резултат на анемија со дефицит на железо. „Луѓето со анемија имаат слаба циркулација на крвта низ телото бидејќи немаат доволно црвени крвни зрнца за да ги снабдуваат ткивата со кислород“, вели докторот Викаш Моди.

Исто така, освен ладни раце, уште еден знак дека имате недостаток на железо или анемија е заморот. Жените во предменопауза се изложени на најголем ризик од анемија бидејќи им треба речиси 50 отсто повеќе железо поради менструацијата.

Исто така, бремените жени исто така треба да внесуваат повеќе железо за да му помогнат на бебето да се развие.

Слични содржини