Студентите ја продолжуваат својата битка со владата, барајќи да се укине воведувањето на државен испит на факултетите и да се укинат спорните законски измени во високото образование. Тие денеска го окупираа Универзитетскиот кампус, односно Правниот, Филозофскиот, Филолошкиот и Економскиот факултет, а за утре е планирана окупација и на техничките факултети-информира Фокус.
Екипата на „Фокус“ беше во ноќна посета на студентите, каде што можевме да забележиме дека тие доста креативно го поминуваат своето време. Дел од нив се испоседнати по скалите, дел цртаат, слушаат музика и ги пречекуваат луѓето кои цело време им доаѓаат во посета. Тука се наоаѓаат и шаторите во кои дел од студентите планираат да ја поминат ноќта.
Повеќе ТУКА